Победа над КЛ7 за реванш и пат кон плејофот (23-20)

Тинекс Пролет славеше со 23-20 на дуелот со КЛ7, реванширајќи му се на скопскиот ривал за поразот во првиот круг од Супер-лигата. Овојпат ракометарите на Пролет одиграа далеку поквалитетно во одбраната, на голот го имаа расположениот Петар Ангелов и на крајот заслужено стигнаа до бодови со кои направија уште еден чекор напред кон место во плејофот.

Прочитај повеќе

Лесна победа во Струмица, чекор поблиску до плејофот (24-31)

Тинекс Пролет прокнижи нови бодови во суперлигашката група по вечерашниот триумф во Струмица над екипата на Астраион со резултат 24-31. Одморот од неколку дена без натпревар по пеколното темпо минатата седмица беше добредојден за избраниците на Матлиески, кои се прикажаа во вистинско светло и без посериозни проблеми прокнижија нови значајни бодови.

Прочитај повеќе

Жарко Пејовиќ, нов ракометар на Тинекс Пролет

Црногорскиот репрезентативец Жарко Пејовиќ е нов член на Тинекс Пролет, откако одличниот бек денеска го стави потписот на договорот со нашиот клуб, со важност до крајот на оваа натпреварувачка сезона.

Прочитај повеќе

Тинекс Пролет 18 минути не прими гол, рутински триумф над Струга (23-15)

Тинекс Пролет повторно стигна до пласман на табелата кој значи влез во плејофот откако вечерва триумфираше над Струга со 23-15. Второто полувреме беше пресудно на овој натпревар, пред се поради играта во одбрана што ја прикажаа избраниците на Матлиески на чело со голманот Кизиќ, што придонесе гостите да постигнат само пет гола за вкупно 30 минути и

Прочитај повеќе

Тинекс Пролет се врати на победнички патеки

Тинекс Пролет успеа да триумфира на гостувањето против Радовиш со 19-22, враќајќи се на победнички патеки по двата порази во претходните две кола. Дуелот со радовишани беше од огромно значење во борбата за место во плејофот, но нашите ракометари без оглед на големиот замор поради пеколното темпо, сепак собраа сили за да стигнат до огромна победа.

Прочитај повеќе

Слабо второ полувреме и пораз од Охрид (18-22)

Тинекс Пролет го претрпе и вториот пораз во низа во Супер-лигата, овојпат губејќи на домашен терен од Охрид со резултат 18-22. Пресудно беше слабото издание во нападот во второто полувреме, во кое нашите ракометари постигнаа само шест погодоци, недоволно за триумф над лидерот во суперлигашката група.

Прочитај повеќе