Тинекс Пролет се врати на победнички патеки

Тинекс Пролет успеа да триумфира на гостувањето против Радовиш со 19-22, враќајќи се на победнички патеки по двата порази во претходните две кола. Дуелот со радовишани беше од огромно значење во борбата за место во плејофот, но нашите ракометари без оглед на големиот замор поради пеколното темпо, сепак собраа сили за да стигнат до огромна победа.

Почетокот најави лесна победа откако избраниците на Матлиески поведоа со 0-3, но домашните ракометари ставија до знаење дека нема да се предадат без борба. Цврстата одбрана овозможи Тинекс Пролет да поведе со 5-11 во првото полувреме, но падот на концентрацијата во финишот од полувремето им овозможи на радовишани да се вратат и на одмор се замина со водство на нашата екипа од 10-12.

Најсилниот отпор домашните ракометари го дадоа во второто полувреме, кога успеаја да стигнат и до израмнување (14-14). Тинекс Пролет сепак го издржа и тој налет, поведе со 15-17, потоа и со 16-19, со солидна предност влегувајќи во финишот. И повторно кога беше важно потфрли нападот, Тинекс Пролет во периодот од 56. до 60. минута не постигнаа гол, давајќи им шанса на домаќините за целосен камбек. Петар Ангелов имаше клучна интервенција при резултат 19-21 во 59. минута, по што Димов со својот трет гол стави печат на победата.

Давор Палевски одигра извонреден натпревар постигнувајќи дури 12 погодоци за Тинекс Пролет, четири реализираше капитенот Андоновски, три Димов, двапати прецизен беше Василевски, а еден гол постигна Џонов.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар34
2Е. Пелистер30
3Охрид29
4Алкалоид29
5Тиквеш18
6Бутел18
7Е. Пелистер 217
8Прилеп16
9Тинекс Пролет12
10Куманово7
11Струга6
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести