Актуелно

Пораз од Бутел за крај на Супер-лигата (23-21)

Ракометарите на Тинекс Пролет загубија со 23-21 на гостувањето против Бутел во последното коло од Супер-лигата. Вообичаено за пресметките на овие скопски ривали, повторно одбраните беа во главна улога, а Тинекс Пролет може да жали ако се знае дека во долги периоди целосно му парираше на противник, на моменти беше и подобар ривал, но падот на концен

Прочитај повеќе

Цврстата одбрана донесе победа над Радовиш (23-19)

Тинекс Пролет прокнижи нови бодови на суперлигашката табела откако вечерва успеа да триумфира на натпреварот против Радовиш со 23-19. Цврстата одбрана беше наш заштитен знак на овој натпревар, максимално ги лимитиравме опциите на гостинот во нападот, што го трасираше патот до оваа заслужена победа.

Прочитај повеќе

Радовиш е ривал што треба да „падне“ во „Македонско Сонце“

Шансите за влез во плејофот и дефинитивно исчезнаа, но ракометарите на Тинекс Пролет се решени да ја довршат оваа сезона на високо ниво, почнувајќи од денешниот натпревар што нашиот клуб ќе го игра на домашен терен против екипата на Радовиш (18 часот, сала „Македонско Сонце“).

Прочитај повеќе

Пораз на гостувањето против Алкалоид (35-26)

Ракометарите на Тинекс Пролет не успеаја да направат подвиг, губејќи на гостувањето против Алкалоид со резултат 35-26.

Прочитај повеќе

Палевски: Ремито со Охрид ја крева самодовербата

Ракометарите на Тинекс Пролет одиграа одличен натпревар против Охрид во кој ги замрсија сметките на големиот фаворит, на крајот ремизирајќи со конечни 23-23. Тоа беше меч во кој Тинекс Пролет одигра перфектно прво полувреме и имаше предност од 12-8, гостите се вратија и направија пресврт, но нашиот тим покажа карактер и со голот на Мајнов се избори

Прочитај повеќе

Кадетите на Тинекс Пролет со моќна победа над Охрид, посветена на Александар Јовиќ

Кадетскиот тим на Тинекс Пролет продолжува со квалитетните изданија во својата возрасна категорија откако викендов лесно и убедливо триумфираше над Охрид со 35-26. Нашите млади ракометари се покажаа во беспрекорно издание, доминираа на двете страни на теренот и заслужено стигнаа до триумф над овој квалитетен ривал, прескокнувајќи го на третото мест

Прочитај повеќе