Актуелно

Андоновски: Без потценување на Радовиш, без оглед на табелата

Репрезентативната пауза заврши, а Тинекс Пролет продолжува  со настапите во плејаут натпреварувањето каде нашиот тим забележа две победи во првите две рунди. Доне Мајнов и неговите избраници ќе сторат се за оваа серија да продолжи и на денешното гостување во Радовиш (17 часот), во дуелот со последната екипа на табелата.

Радовиш не знае за победа од стартот на сезонава, но капитенот Ласко Андоновски како најискусен ги предупредува помладите соиграчи – дека никако не смее да дојде до опуштање во играта.

„Сакаме да победиме и да потврдиме дека сме поквалитетен тим, но тоа можеме да го сториме само со максимално залагање во текот на сите 60 минути. Не смееме да го потцениме Радовиш без оглед на изгледот на табелата. Мораме да ја играме нашата игра, да ги користиме шансите што ќе ни се укажат и да имаме што помалку осцилации. Со тоа би покажале дека сме на вистински пат и би се подготвувале за предизвиците што ќе бидат пред Тинекс Пролет во наредната сезона“, порачува капитенот Андоновски.
 

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести