Актуелно

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Ракометниот клуб Пролет 62 ја известува јавноста дека, поради завршувањето на договорот со нашиот долгогодишен и ценет генерален спонзор, донесовме тешка, но одговорна одлука да се повлечеме од натпреварувањето во Супер лигата за претстојната сезона.

Прочитај повеќе

Пораз од Куманово за крај на сезоната

Ракометарите на Тинекс Пролет претрпеа пораз од 25-27 од Куманово на последниот овосезонски натпревар, со што нашиот тим стави печат на оваа натпреварувачка сезона. Дуелот беше без никакво значење околу пласманот на табелата, но гледачите можеа да проследат квалитетен и неизвесен меч во кој завршницата за жал им припадна на гостите, кои со цел плен

Прочитај повеќе

​Палевски: Сакаме победа за крај на сезоната

Ракометарите на Тинекс Пролет денеска со почеток во 18 часот го пречекуваат Куманово во последниот натпревар за оваа натпреварувачка сезона.

Прочитај повеќе

​Гордост: Кадетите на Тинекс Пролет се шампиони на Македонија

Тинекс Пролет се закити со титулата кадетски шампион на Македонија откако нашите млади ракометари излегоа како победници од фајналфор турнирот што денеска се одигра во Битола. Две тешки победи за помалку од осум часа, доказ за квалитетот и карактерот на момците кои цела сезона не знаеја за пораз, а успехот го крунисаа со денешните победи над Охрид

Прочитај повеќе

​Јовиќ: Шансите за трофеј се реални, но на Ф4 нема лесни натпревари

Кадетите на Тинекс Пролет утре ги очекува атак на титулата во својата возрасна категорија, на фајналфор турнирот што ќе се игра во Битола.Нашите млади ракометари го освоија првото место во лигашкиот дел, а меѓу најзаслужните е Лука Јовиќ, кој со нетрпение го очекува предизвикот наречен Ф4.

Прочитај повеќе

​Тинекс Пролет поразен по голема борба во Прилеп

Ракометарите на Тинекс Пролет не успеаја да стигнат до позитивен резултат на гостувањето против Прилеп, губејќи по голема битка со 29-27 од лидерот во плејаут натпреварувањето. Прилеп имаше перфектен скор од стартот на плејаутот, нашите ракометари беа блиску до изненадување и цел плен, но потклекнаа во завршницата.

Прочитај повеќе