Аларов повикан во националниот тим

Одличните игри на стартот од новата сезона беа доволна препорака за Тинекс Пролет да има двајца ракометари во македонската репрезентација во оваа ЕХФ-седмица. Мартин Поповски повторно е дел од националниот тим и го постигна голот за реми на вчерашниот дуел со Италија, а денеска на подготовките на репрезентацијата се приклучи и Михаил Аларов.

Прочитај повеќе

Серијата продолжува: Лесна победа над Вардар Јуниор (27-38)

Тинекс Пролет не запира со одлични игри и резултати од стартот на сезонава, па нашиот тим во рамките од седмото коло ја забележа петтата победа (две реми). Вардар Јуниор беше екипата што денеска беше совладана, и тоа премногу лесно и убедливо на гостински терен со резултат 27-38.

Прочитај повеќе

Поповски: Лесно беше да се избере Тинекс Пролет од сите понуди што ги имав

Тинекс Пролет го задржа костурот на екипата во текот на летниот преоден рок, а најзвучно засилување од неколкуте нови имиња дефинитивно беше Мартин Поповски. Македонскиот репрезентативец пристигна во нашиот клуб како актуелен европски првак, откако со тимот на Вардар се закити со трофејот во Лигата на шампионите

Прочитај повеќе

Моќна игра и убедлива победа над Радовиш (36-27)

Тинекс Пролет во шестото коло од Супер-лигата ја забележа четвртата победа, откако лесно и убедливо го скрши отпорот на Радовиш, славејќи со 36-27. Видно мотивирани по пропуштената шанса за победа во Битола над Пелистер, ракометарите на Тинекс Пролет одиграа доминантно, наметнаа темпо што гостите не можеа да го следат, на крајот заслужено прокнижув

Прочитај повеќе

Радовиш треба да го плати „долгот“ на Пелистер

Ракометарите на Тинекс Пролет вечерва (19 часот, сала „Македонско Сонце“) продолжуваат со настапите во Супер-лигата, каде по првите пет кола се уште не знаат за пораз (три победи и две реми). Наш противник денеска е Радовиш, тим што е директен ривал во битка за место во плејофот, што само по себе значи дека не смее да дојде до никакво опуштање меѓу

Прочитај повеќе

Наивно испуштена победа во Битола (23-23)

Ракометарите на Тинекс Пролет испуштија извонредна можност да триумфираат во Битола над Пелистер, ремизирајќи 23-23 во меч во кој речиси 60 минути водеа, но не успеаја да стигнат до цел плен. Избраниците на Матлиевски остануваат без пораз и по петтото суперлигашко коло, но останува разочарувањето што денешната добра партија не беше крунисана со три

Прочитај повеќе

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Тинекс Пролет6
2Охрид 20133
3Астраион3
4Радовиш3
5Струга3
6КЛ70
7Јуниор К. В.0

Архива на вести