Радовиш треба да го плати „долгот“ на Пелистер

Ракометарите на Тинекс Пролет вечерва (19 часот, сала „Македонско Сонце“) продолжуваат со настапите во Супер-лигата, каде по првите пет кола се уште не знаат за пораз (три победи и две реми). Наш противник денеска е Радовиш, тим што е директен ривал во битка за место во плејофот, што само по себе значи дека не смее да дојде до никакво опуштање меѓу избраниците на тренерот Матлиевски.

Во тимот владее разочарување по ремито со Пелистер, меч на кој Тинекс Пролет 59 минути имаше водство, иако на „жешкиот терен““ во Битола ниту еден тим не важи за фаворит без оглед на моментниот играчки кадар на „пелистерци“. Сепак, на сите им е јасно дека тој меч мора што поскоро да се заборави и погледите да се насочат кон наредните предизвици - дуелите со Радовиш и потоа со Бутел.

„Ја заслуживме победата во Битола, но ремито е доказ дека во спортот не победува секогаш поквалитетниот тим. Лекцијата е научена, а грешките што ги направивме сигурно нема да ги повториме и против Радовиш. Противникот е посилен од лани, атакува на место во плејофот и мораме да го победиме за да ја направиме чекор напред кон остварување на нашата цел, пласман меѓу најдобрите четири тима во Супер-лигата“ - изјави директорот на Тинекс Пролет, Сашо Огњеновски.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести