Ракометарите на Тинекс Пролет денеска со почеток во 18 часот го пречекуваат Куманово во последниот натпревар за оваа натпреварувачка сезона.
Тинекс пролет квалитетно го одигра плејаутот, имаше серија од три победи се до последниот пораз од лидерот Прилеп, па нема сомнеж дека ракометарите и тренерот Доне Мајнов ќе сторат се за победнички да ја заокружат оваа сезона.
„Одигравме солидна сезона, имавме неколку неочекувани порази кои скапо ги плативме со тоа што не влеговме во плејфот. Од друга страна, млади ракометари добија шанса и ја оправдаа довербата, добија неопходно исксутво што ќе биде од голема значење за секој од нив, но и за Тинекс Пролет како тим во иднина. Секогаш може подобро, но генерално гледано можеме да бидеме задоволни“, истакнува Давор Палевски, еден од најискусните во таборот на Тинекс Пролет.
Тој има респект за денешниот противник и повикува на максимална фокусираност за да се стигне до посакуваниот исход.
„Го пречекуваме Куманово и нема сомнежж дека сакаме да ја завршиме оваа сезона со победа. Иако овој натпревар не одлучува ништо околу пласманот, наше е сезоната да ја завршиме на најдобар можен начин. Ривалот ни е добро познат, игравме веќе со нив три пати сезонава, се работи за добра екипа со квалитетни поединци, но верувам дека ако одиграме како што знаеме можеме да стигнеме до посакуваниот исход“, оптимист е Палевски.