Пелистер на колена: Фантастична игра и голема победа (30-28)

Ракометарите на Тинекс Пролет остварија фантастична победа на домашен терен над Пелистер со резултат 30-28, со фуриозен финиш во второто полувреме кршејќи го отпорот на големиот ривал во битката за излез во ракометна Европа. Битолчани имаа водство во поголем дел од натпреварот, но нашиот тим покажа карактер, го сврте резултатот кога беше најважно и

Прочитај повеќе

Матлиески повторно во „тимот на Кире Лазаров“

Шефот на стручниот штаб на Тинекс Пролет, Никола Матлиески, повторно ќе биде дел од тренерскиот тим на кампот „Кирил Лазаров 7“, откако нашиот стратег максимално ја оправда довербата со ланскиот ангажман, со своите одлични тренерски способноски и високиот степен на тимска работа најпрофесионално одговори на довербата дадена од страна на Лазаров.

Прочитај повеќе

Матлиески: Мотивацијата пред Пелистер е поголема од заморот

Пеколниот распоред на натпревари му создава главоболки на тренерот Никола Матлиески, но стратегот на Тинекс Пролет сепак е оптимист дека неговиот тим ќе успее да стигне до победата на утрешниот натпревар на домашен терен против Пелистер (19 часот).

Прочитај повеќе

Очекуван пораз од силниот Работник (31-19)

Ракометарите на Тинекс Пролет претрпеа убедлив пораз на гостувањето против Еурофарм Работник со 31-19. Без оглед на обидите да се направи нешто повеќе, битолските „фармацевти“ на терен покажаа зошто важат за втор најквалитетен тим во Македонија и заслужено прокнижија нови бодови.

Прочитај повеќе

Тешко гостување против „фармацевтите“ од Битола

Ракометарите на Тинекс Пролет продолжуваат со пеколното темпо натпревари, па по двата дуели во два дена во Купот на Македонија, нашиот тим денеска го очекува нов предизвик.

Прочитај повеќе

Херојска борба и несреќен пораз од Металург во Купот на Македонија (29-31)

Тинекс Пролет одигра одличен натпревар на гостински терен против Металург, но за жал во неизвесна завршница претрпе минимален пораз од 31-29 и не успеа да се пласира на фајналфор турнирот од Купот на Македонија.

Прочитај повеќе

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Металург38
2Охрид 201337
3Бутел Скопје31
4Тинекс Пролет29
5Радовиш22
6Вардар Јуниор18
7Пелистер14
8Металург 27
9Работнички4
10Струга4

Архива на вести