Очекуван пораз од силниот Работник (31-19)

Ракометарите на Тинекс Пролет претрпеа убедлив пораз на гостувањето против Еурофарм Работник со 31-19. Без оглед на обидите да се направи нешто повеќе, битолските „фармацевти“ на терен покажаа зошто важат за втор најквалитетен тим во Македонија и заслужено прокнижија нови бодови.

Тинекс Пролет парираше само во почетните минути, а последното водство го имаше при 2-3, со голот на Доне Мајнов. Работник возврати со четири погодоци во низа, по што домашните ракометари почнаа да ги контролираат случувањата на теренот. Избраниците на Матлиески се приближија на 7-6, потоа и на 10-8, за на одмор да се замине со водство на битолчани од 13-9. Како пресуден се покажа стартот на второто полувреме, во кое домашните ракометари целосно доминираа на теренот, експресно поведувајќи со 19-10. Преостанатиот меч беше рутина за избраниците на тренерот Алушовски, кои на крајот заслужено се радуваа на победата.

Мартин Манасков со шест погодоци беше најефикасен во редовите на Тинекс Пролет при денешниот пораз, по четири постигнаа Џонов и Василевски, а два пати меѓу стрелците се зпиша капитенот Ласко Андоновски.

Во следното коло Тинекс Пролет на домашен терен ќе го пречека битолски Пелистер.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар16
2Алкалоид16
3Е. Пелистер15
4Охрид13
5Бутел11
6Тинекс Пролет9
7Прилеп6
8Е. Пелистер 26
9Тиквеш6
10Струга4
11Куманово2
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести