Матлиески: Првиот круг го завршивме успешно, но секогаш се може уште подобро...

Тренерот на Тинекс Пролет, Никола Матлиески, е задоволен од остварениот резултат во првиот круг од Супер-лигата. Во првите девет колa нашиот тим има скор од шест победи, две реми и само еден пораз, наоѓајќи се на четвртото место, кое носи во плејофот.

Прочитај повеќе

Серијата продолжува: Лесна победа над Вардар Јуниор (27-38)

Тинекс Пролет не запира со одлични игри и резултати од стартот на сезонава, па нашиот тим во рамките од седмото коло ја забележа петтата победа (две реми). Вардар Јуниор беше екипата што денеска беше совладана, и тоа премногу лесно и убедливо на гостински терен со резултат 27-38.

Прочитај повеќе

Поповски: Лесно беше да се избере Тинекс Пролет од сите понуди што ги имав

Тинекс Пролет го задржа костурот на екипата во текот на летниот преоден рок, а најзвучно засилување од неколкуте нови имиња дефинитивно беше Мартин Поповски. Македонскиот репрезентативец пристигна во нашиот клуб како актуелен европски првак, откако со тимот на Вардар се закити со трофејот во Лигата на шампионите

Прочитај повеќе

Василевски: Одиме на победа, но нема да го потцениме Работнички

Тинекс Пролет трет натпревар по ред во Супер-лигата ќе се сретне со скопски ривал, по Металург2 и Металург противник на нашите ракометари вечерва (19 часот, сала „Македонско Сонце“) ќе биде екипата на Работнички. Фактот дека по првите три кола Тинекс Пролет е без пораз сам по себе ја префрлува фаворитската улога врз избраниците на Матлиески, но про

Прочитај повеќе

Андоновски: Металург2 ни беше опомена, ќе бидеме уште подобри на следните средби

Тинекс Пролет и во второто коло од новата сезона стигна до триумф, откако по голема битка славеше над младиот состав на Металург 2. Победата е минимална, но ни ги донесе посакуваните три бода, што уште повеќе го креваат оптимизмот во пресрет на наредните предизвици на домашната ракометна сцена.

Прочитај повеќе

Џонов: Тимската игра ни ја донесе победата против Охрид

Тинекс Пролет триумфално ја стартуваше новата суперлигашка сезона откако нашиот тим во дербито на првото коло славеше над Охрид. Цврстата одбрана беше заштитен знак на Тинекс Пролет на отворањето на сезоната, а одличниот тимски пристап е нешто на што тренерот Матлиески ќе инсистира да се задржи и на следните натпревари.

Прочитај повеќе