Василевски: Одиме на победа, но нема да го потцениме Работнички

Тинекс Пролет трет натпревар по ред во Супер-лигата ќе се сретне со скопски ривал, по Металург2 и Металург противник на нашите ракометари вечерва (19 часот, сала „Македонско Сонце“) ќе биде екипата на Работнички. Фактот дека по првите три кола Тинекс Пролет е без пораз сам по себе ја префрлува фаворитската улога врз избраниците на Матлиески, но против себе ќе имаат ривал што никако не смее да биде потценет.

„Ремито со Металург беше добар резултат за нас, но таа игра ќе мораме да ја повториме доколку сакаме да стигнеме до нов триумф. Можеби на хартија важиме за фаворити, но Работнички е тим што никако не смее да биде потценет. Мораме да покажеме карактер, да одиграме максимално ангажирано од првата до последната минута бидејќи само таквиот пристап може да ни го донесе резултатот што го посакуваме“ – вели пивотот Филип Василевски.

Клучен играч на Работнички во почетните натпревари беше Палевски, но Василевски предупредува дека станува збор за тим со повеќе квалитетни поединци.

„Палевски постигнуваше најмногу голови, но Работнички не е тим што се врти само околу еден играч. Станува збор за екипа што има квалитетна прва постава, можеби нема преголема ротација, но секако е силна и може да изненади доколку биде потценета. Главна одлика им  е квалитетната агресивна одбрана, на која ќе мораме што побрзо да се адаптираме“ – истакнува Василевски.

Тинекс Пролет по три одиграни кола има седум бода, три повеќе во однос на денешниот ривал.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести