Матлиески повторно во „тимот на Кире Лазаров“

Шефот на стручниот штаб на Тинекс Пролет, Никола Матлиески, повторно ќе биде дел од тренерскиот тим на кампот „Кирил Лазаров 7“, откако нашиот стратег максимално ја оправда довербата со ланскиот ангажман, со своите одлични тренерски способноски и високиот степен на тимска работа најпрофесионално одговори на довербата дадена од страна на Лазаров.

“Предходната година беше мое прво учество на кампот и морам да признам дека организацијата беше на високо ниво, а исто така квалитетот на ракометаритте беше на високо ниво…. Оваа година ќе биде моето второ учество на кампот и се надевам дека ќе биде уште подобро…. 7 дена исполнети со ракомет, 7 дена разменување на искуства со одличниот тренерски тим и соработка со Кире Лазаров…… Јас лично ќе се потрудам своето знаење да го пренесам на камперите најдобро што можам, знам дека повторно квалитетот ќе биде на одлично ниво и дека ке има ракометари кои што ќе бидат мотивирани да научат нови техничко тактички елементи како од нас тренерите, така и од Капитенот Лазаров и дека после заедничката работа ке бидат и подобри како ракометари и како личности“ - изјави Матлиески.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар30
2Е. Пелистер28
3Охрид25
4Алкалоид25
5Тиквеш16
6Бутел16
7Е. Пелистер 215
8Прилеп14
9Тинекс Пролет12
10Струга6
11Куманово5
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести