Тешко гостување против „фармацевтите“ од Битола

Ракометарите на Тинекс Пролет продолжуваат со пеколното темпо натпревари, па по двата дуели во два дена во Купот на Македонија, нашиот тим денеска го очекува нов предизвик. Еурофарм Работник со почеток во 16.30 часот е домаќин на Тинекс Пролет во денешниот натпревар од четвртото коло во плеј-офот, дуел на кој битолскиот суперлигаш ја има улогата на фаворит.

„Фармацевтите“ од Битола славеа на двата овосезонски натпревари од Супер-лигата против Тинекс Пролет, славејќи со 35-26 на домашен терен и со 22-26 на гостувањето во Скопје.

Тренерот Матлиески се враќа на клупата на нашата екипа откако поради репрезентативни обврски ги пропушти дуелите од Купот на Македонија. Без оглед на улогата на аутсајдери, нема сомнеж дека ракометарите на Тинекс Пролет ќе одиграат максимално ангажирано, а доколку им се укаже можност ќе сторат се за да приредат и изненадување на гостувањето во Битола.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести