Актуелно

​Пресметка со Прилеп за продолжување на победничката серија

Ракометарите на Тинекс Пролет ќе се обидат за првпат сезонава да врзат четири победи, на дуелот во кој утре во 18 часот во салата „Македонско Сонце“ ќе го пречека составот на Прилеп.

Противникот моментно е првопласиран во плејаут натпреварувањето, заедно со Тинекс Пролет единствени два тима без пораз во плејаутот досега, што сигурно ќе даде дополнителен шарм на утрешниот дуел.

Фактот дека на досегашните две средби сезонава имаме два пораза од прилепчани ќе биде мотив плус за ракометарите на Тинекс Пролет, да ја запреат триумфалната серија на овој ривал.

„Свесни сме за квалитетите на Прилеп, тоа е тимот што е првопласиран во плејаутот, тим од кој два пати загубивме сезонава, но тоа го прави нашиот состав само помотивиран, да докажеме дека можеме да го победиме овој противник. Имаат квалитет, но истото се однесува со нас, но клучно ќе биде да го покажеме тоа во текот на сите 60 минути. Не смееме да си дозволиме осцилации како против Радовиш бидејќи Прилеп можеме да го добиеме само со максимален ангажман од првата до последната минута. Верувам во мојот тим, работевме квалитетно изминатите денови и оптимист сум дека можеме да се радуваме на нова победа“, истакнува тренерот Доне Мајнов.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести