Актуелно

Победа на гостувањето против Радовиш (17-19)

Тинекс Пролет ја оправда фаворитската улога и славеше победа од 17-19 на гостувањето против Радовиш во 25. коло од плеј-аут разигрувањето во Суперлигата на Македонија.

Ракометарите на Радовиш фуриозно го почнаа мечот поведувајќи со дури 5-0 по првите осум минута игра. Но, Палевски извонредно се разигра и следеа четири едноподруго негови гола, а потоа уште еден за пет од вкупно седум во низа, па со серија од 2-7, Тинекс Пролет дојде до 7-7 во 21. минута од натпреварот.

А, потоа низ израмнета игра, со цврсти одбрани, се дојде до 9-9 на полувремето.

Во вториот дел сосема идентична игра, со многу малку голови, максимални одбрани, грешки во нападот и главно постојано водство од еден гол разлика на нашите ракометари, кои на 60 секунди пред крајот дојдоа до предност од 17-18 со голот на Давитковски.

Домашните потоа имаа изгубена топка, за да Тинекс Пролет го има последниот напад во последните 20 секунди од мечот. И на четири секунди пред крајот Стоилевски постигна гол за конечни 17-19.

Најефикасен во нашиот тим беше Палевски со седум гола а Давитковски мечот го заврши со пет погодоци. Три гола постигна Стоилевски, а по еден гол запишаа Глигоров, Андоновски, Димковски и Стојановски. Бојан Солев беше извонреден на голот со 14 одбрани.

Кај домашните се издвои Мартин Димов со пет гола, четири погодоци запиша Александар Ѓоргиев, а Ристовски на голот имаше 14 одбрани.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести