Актуелно

Пораз на гостувањето во Куманово (35-28)

Ракометарите на Тинекс Пролет загубија со 35-28 на гостувањето од Куманово во 27. коло од Плеј-аут разигрувањето во Суперлигата на Македонија. Од самиот почеток на натпреварот домашните наметнаа поактивен ритам, па по само пет минути поведоа со 4-1. Стигнаа кумановци и до 12-7 на средината од првото полувреме, во континуитет одржувајќи ја предноста. Иако играта потоа се стабилизираше, нашиот тим не успеја да ја намали негативата, највисоката предност на домашните ракометари во првото полувреме беше 19-12 во 28. минута. За заокружување на првото полувреме со водство од 19-14 за Куманово. Во второто полувреме далеку поизрамнета игра на теренот. Низ игра главно гол за гол, сепак, домашните ракометари ја одржуваа предноста од четири до пет голови разлика, за на крај победа од 35-28 за кумановци. Најдобар во редовите на Тинекс Пролет беше Андреј Стојановски со 11 постугнати гола, а Никола Стоилевски запиша шест погодоци. Александар Симоновски мечот го заврши со три гола. Во победничкиот тим најефикасен беше Омар Радван со десет постигнати гола.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести