Лесна победа во Струмица, чекор поблиску до плејофот (24-31)

Тинекс Пролет прокнижи нови бодови во суперлигашката група по вечерашниот триумф во Струмица над екипата на Астраион со резултат 24-31. Одморот од неколку дена без натпревар по пеколното темпо минатата седмица беше добредојден за избраниците на Матлиески, кои се прикажаа во вистинско светло и без посериозни проблеми прокнижија нови значајни бодови за влез во плејофот. 

Нашите ракометари добро го стартуваа мечот, па во почетните минути поведоа со 3-6. Домаќините во неколку ситуации се приближуваа до еден гол разлика, но во ниту еден момент не успеаја да стигнат до израмнување, камоли да направат резултатски пресврт. На одмор се замина со водство на Тинекс Пролет од 11-14, по што скопскиот суперлигаш почна фуриозно и во второто полувреме, набрзина поведувајќи со резултат 11-17. По само десетина минути игра во вториот дел Тинекс Пролет веќе имаше девет гола предност (12-21), по што рутински го приведе натпреварот до крај. Матлиески им даде шанса и на дел од оние ракометари кои вообичаено имаат помала минутажа, но тоа не се одрази посериозно врз резултатот, па овој натпревар заврши со конечни 24-31.

Давор Палевски со 11 погодоци повторно беше најефикасен во редовите на Тинекс Пролет, четири погодоци постигна Димов, додека новото засилување Жарко Пејовиќ реализираше два гола на дебито за нашиот клуб.

Во следното коло избраниците на Матлиески се среќаваат со КЛ7, идеална можност за реванш ад градскиот ривал за поразот во првиот круг од Супер-лигата.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар30
2Е. Пелистер28
3Охрид25
4Алкалоид25
5Тиквеш16
6Бутел16
7Е. Пелистер 215
8Прилеп14
9Тинекс Пролет12
10Струга6
11Куманово5
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести