Ракометарите на Тинекс Пролет вечерва (18.30 часот, сала „Македонско Сонце“) го пречекуваат составот на Прилеп, во првото коло од вториот круг натпреварување во Супер-лигата. Првиот меч меѓу овие два тима беше многу интересен, Тинекс Пролет испушти пет гола предност во првото полувреме, за во финишот да се врати и да стигне до реми.