Тинекс Пролет го пречекува Прилеп за печат на првото место во плејаутот

Ракометарите на Тинекс Пролет по паузата се враќаат на обврските во плејаут натпреварувањето, и тоа со исклучително важен натпревар. Наш гостин на саботниот меч (19.30 часот, сала „Македонско Сонце“) ќе биде тимот на Прилеп, кој воедно е и најсериозен ривал на избраниците на тренерот Матлиески за место во плејаутот.

Двете екипи влегуваат во овој меч со идентични 11 бода на плејаут табелата, а она што е интересно - Тинекс Пролет на трите овосезонски дуели со овој противник нема ниту една победа. Двете средби во рамките од Супер-лигата завршија нерешено, додека прилепчани го добија првиот дуел од плејаутот со 23-20. Сето ова ќе биде само мотив плус за Тинекс Пролет да одигра на посакуваното ниво, секако да биде далеку подобар во нападот отколку на претходниот меч и на тој начин да стигне до посакуваната победа што ќе го остави нашиот тим на врвот на табелата.

„Свесни сме за значењето на овој натпревар што најверојатно ќе биде и решавачки за првото место во плејаутот. Веруваме дека сме најдобар тим во овој дел од шампионатот, но и свесни сме дека тоа мораме да го потврдиме на терен. Прилеп покажа дека може да биде незгоден ривал за нас, така што ќе мораме да бидеме на највисоко ниво, да одиграме цврсто во одбраната и фокусирано во нападот во текот на сите 60 минути, ако сакаме на крајот да се радуваме“, порачуваат ракометарите на Тинекс Пролет во пресрет на овој натпревар.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар2
2Е. Пелистер2
3Тинекс Пролет2
4Куманово2
5Е. Пелистер 22
6Охрид1
7Алкалоид1
8Бутел0
9Прилеп0
10Радовиш0
11Тиквеш0
12Струга0

Најнови вести

Архива на вести