Сигурен триумф во Куманово (22-27)

Ракометарите на Тинекс Пролет без поголеми проблеми триумфираа на гостувањето против Куманово со 22-27, со што уште по одигрувањето на претпоследното коло го осигураа првото место во плеј-аут разигрувањето од Суперлигата на Македонија.

Во мечот на двете високорангирани екипи од плејаутот, сепак избраниците на Матлиески, кој им даде шанса на голем број млади ракометари како Дамчевски, Глигоров, Александров..., беа далеку подобар тим на теренот за сосема заслужена победа.

Тинекс Пролет имаше комплетна контрола на резултатот уште во првото полувреме низ кое постојано беше во предност од еден до два гола, за на крај на паузата да се замине со предност од 11-12.

Во второто полувреме одлична серија на нашиот тим за предност од 14-18 веќе во 40. минута од средбата, по што полека се насетуваше победникот на натпреварот, иако домашните успеаја за кратко да се вратат во игра со серија од 3-0. Но, потоа повторно предност од 19-23, а веќе низ последните минути од средбата за предност и од 21-27 со што беше јасно кој ќе ги однесе бодовите. На крајот заокружена победа од 22-27.

Во таборот на Тинекс Пролет предводеше Давор Палевски со 9 гола, а со осум погодоци мечот го заврши Мице Шилегов. Кај кумановци најдобар поединец беше Давид Димевски со 8 постигнати гола.

Во последното коло од плејаутот во Суперлигата, Тинекс Пролет ја пречекува екипата на Радовиш, во меч без резултатско значење, но за потврда на првото место во разигрувањето.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести