Пораз на гостувањето во Струга (22-20)

Сигурната позиција на првото место во плејаутот од Суперлигата на Македонија, ракометарите на Тинекс Пролет, се чини, ги однесе кон вториот пораз во разигрувањето овој пат на гостински терен од Струга со 22-20 (9-10).

Домашните подобро го почнаа натпреварот, со водство од 6-1, но тоа беше исклучиво на стартот за да во продолжението, нашиот тим со далеку подобра игра направи пресврт уште пред паузата за водство од 9-10 на полувремето.

Во вториот дел, низ главно израмнета игра, ракометарите на Струга, сепак, беа поконцентрирани на крајот за конечна победа од 22-20. 

Во составот на Тинекс Пролет најефикасен беше Андреј Стојановски со 5 погодоци, а кај домашните предводеа Лазар Ристиќ со 7 гола и Александар Стојков со 6 погодоци.

Тинекс Пролет е прв на табелата, а сега Струга има 6 бода, еден помалку од Куманово, а два повеќе од Радовиш, и има големи шанси да го избегне и баражот за опстанок.. По исфрлањето на екипата на Борец ФЛ од лигата, ниту една екипа нема директно да испадне, а последниот на табелата ќе игра бараж за опстанок.

Во следното коло нашите ракометари ќе бидат домаќин на екипата на Прилеп.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести