Кадетите на Тинекс Пролет го освоија третото место

Кадетската екипа на Тинекс Пролет го освои третото место на фајналфор турнирот што денеска се одржуваше во салата „Автокоманда“ во Скопје. Нашите млади ракометари покажаа одличен ракомет и огромен потенцијал, а останува тагата за пропуштената шанса во полуфиналето со Струга, што го загубивме на пенали.

Стружани имаа три гола предност на полвуреме (11-14), но Тинекс Пролет направи фантастичен пресврт и имаше контрола над резултатот до самиот финиш. Во последните две минути имавме „плус два“, но не успеавме да ја задржиме предноста, па во последната секунди дури и се спасивме од пораз со одбранет седмерец (29=29). Сепак, во пенал-рулетот среќата не беше на наша страна, па стружани се радуваа на победата и пласманот во големото финале. Најдобри поединци кај Тинекс Пролет во ова полуфиинале беа Лука Јовиќ со 14 и Симоноски со пет погодоци.

Во дуелот за третото место наш противник беше тимот на Мулти Есенс, квалитетен ривал што по голема битка го совладавме со 27-26. Победата ја осигуравме во завршницата, откако во неизвесен дуел Мулти Есенс имаше 23-24, по што Тинекс Пролет даде четири гола во низа, поведе со 27-24 и стигна до значајна победа.

Дамчевски со осум гола ги предводеше стрелците на овој натпревар, додека по четири погодоци постигнаа Костов и Деспотовски.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар34
2Е. Пелистер30
3Охрид29
4Алкалоид29
5Тиквеш18
6Бутел18
7Е. Пелистер 217
8Прилеп16
9Тинекс Пролет12
10Куманово7
11Струга6
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести