Тинекс Пролет против Радовиш во Купот на Македонија

Тинекс Пролет ќе биде дел од групата 2 во Купот на Македонија, беше одлучено со денешната ждрепка во просториите на Ракометната Федерација на Македонија.

Покрај нашиот клуб, дел од оваа група се уште и екипите на Металург, Радовиш и Јуниор. Металург како носител на групата ја искористи и можноста да биде домаќин во својата сала во скопската населба Автокоманда. 

Ривал на Тинекс Пролет во полуфиналето ќе биде Радовиш, а во случај на победа избраниците на Матлиески ќе се сретнат со подобриот од дуелот Металург - Јуниор.

Турнирот во „Автокоманда“ ќе се одржи на 20 и 21 април/


ГРУПА 1: Работник, Охрид, Вардар јуниор, Астраион.

ГРУПА 2: Металург, Тинекс Пролет, Радовиш, Јуниор.

ГРУПА 3: Бутел, Пелистер, Борец, Тиквеш.

ГРУПА 4: Вардар, Струга, Прилеп, Металург 2.