Подобри од Бутел - триумф на стартот од плеј-офот (26-23)

Тинекс Пролет триумфално го стартуваше настапот во плеј-офот, откако по голема битка вечерва беше совладан тимот на Бутел со 26-23. Двата тима очекувано покажаа цврста игра во одбраната, но пресудно беше нашето подобро издание во вторите 30 минути, кога беше создадена и клучната предност на патот до победата.

Бутел беше нешто подобар во почетните минути, пред се благодарение на одличните интервенции на голманот Богдан Панченко. Со цврста игра во одбраната избраниците на Матлиески надополнуваа за слабото издание во нападот во првите дваесетина минути. Штом тргна нападот на Тинекс Пролет, на спротивната страна во ритам влезе и десниот бек Григориев, кој го одржуваше Бутел резултатски до крајот на полувремето, па на одмор се замина со израмнети 11-11. 

Од самиот почеток на второто полувреме беше јасно дека Тинекс Пролет ја крена играта на едно повисоко ниво. Згора на тоа во ритам влезе и голманот Стефан Кимевски, кој со неколку одлични интервенции ште на самиот почеток од полувремето ги исфрли од ритам противничките ракометари. Првиот гол од игра Бутел го постигна дури во 38. минута со контранападот на Мајиќ, но одбраната функционираше токму онака како што посакуваше тренерот Матлиески. 

Шансите за камбек на гостите целосно исчезнаа на пет минути до крајот, кога со ракометар помалку Пролет успеа да постигне три погодоци, ставајќи точка на овој натпревар за значајна победа на стартот од плеј-офот.



ТИНЕКС ПРОЛЕТ - БУТЕЛ   26-23 (11-11)

ТИНЕКС ПРОЛЕТ: Кристо, Коруновски, Кимевски, Ф. Василевски 4, Аларов, Давитковски, А. Василевски 2, Манев, Ролевски 1, Трајковски, Андоновски 4, Џонов 2, Мајнов 5, Дамчевски, Стојановски, Манасков 8.

Галерија