Ласко Андоновски: Имаме свои адути и за триумф во Охрид

Тинекс Пролет се наоѓа во серија до пет победи во Супер-лигата, а пред нашиот тим викендов е нов предизвик, гостување на екипата на Охрид. Станува збор за пресметка со директен ривал во битката за место во плејофот, кого Тинекс Пролет го победи во првото коло, но избраниците на тренерот Матлиески се свесни дека неделното гостување е сериозен предизвик.

„Во тоа прво коло славевме лесно, но знаеме дека овојпат задачата ќе биде многу потешка. Охрид во меѓувреме влезе во победнички ритам и заслужено се наоѓа во горниот дел од табелата. Сигурно ќе стори се за да ја продолжи победничката серија и против нас, но и ние одиме во натпреварот со сопствени сметки. Забележавме пет победи во последните пет кола и сакаме да продолжиме во ист ритам. Противникот го краси цврста игра во одбраната, но и ние имаме свои адути, треба да играме брзо во напад и цврсто во дефанзива. Ако успееме во тоа, ќе имаме реални шанси за освојување на нови бодови“ - истакнува капитенот Ласко Андоновски.

Охриѓани ќе имаат поддршка и од домашната публика, но бекот на Тинекс Пролет потенцира дека спортската атмосфера ќе ги мотивира и него и неговите соиграчи.

„Јасно е, во таква атмосфера домаќините се во предност, но слободно можам да кажам дека тоа ќе биде мотив и за нас. Секој сака да игра во полна сала, да се докаже пред што побројна публика. Охриѓани создаваат убава атмосфера, затоа очекувам квалитетен натпревар во кој бодовите се важни и за двете екипи“ - вели Андоновски.

Поврзани вести

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести