Матлиески: Струга ја добивме со цврста одбрана, сега на ред е Прилеп

Шефот на стручниот штаб на Тинекс Пролет, Никола Матлиески, не го криеше задоволството по најновата победа на својот тим, над екипата на Струга. Фуриозното прво полувреме во кое Пролет поведе со десет гола разлика беше пресудно за овој триумф со кој скопскиот клуб стигна до значајни бодови.

„Од играчите барав максимално залагање од првата минута и го добив токму тоа. Мислам дека го изненадивме противникот со цврстата игра во одбраната, нашата дефанзива функционираше беспрекорно и од неа произлегоа бројни лесни погодоци од контранапади. Морам да сум задоволен бидејќи Струга е квалитетен тим, а ние успеавме целосно да го надиграме и заслужено стигнавме до трите бода“ - истакна Матлиески.

Следен предизвик за нашиот тим е гостувањето против Прилеп, меч на кој ќе мора да се оправда фаворитската улога.

„За мене како тренер најтешки се натпреварите на кои бодовите се „однапред прокнижени“. Јасно ни е дека сме фаворити, но исто така се знае и дека таа улога ќе мора да се оправда на теренот. Сега секој знае да игра ракомет и може да казни евентуално опуштање, затоа ќе мораме да одиграме на своето вообичаено ниво за да забележиме нова победа“ - порача стратегот на Тинекс Пролет.

Поврзани вести

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар38
2Е. Пелистер34
3Охрид33
4Алкалоид33
5Тиквеш20
6Бутел20
7Прилеп18
8Е. Пелистер 217
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести