Серијата продолжува - петта победа во низа

Одличната серија на резултати на Тинекс Пролет продолжи и на денешното гостување во Прилеп со 27-40, на кое нашиот тим одигра одлични 60 минути и заслужено прокнижи нови бодови на суперлигашката табела. Четирите победи во претходните четири кола очигледно го кренаа нивото на игра на Тинекс Пролет, па избраниците на Матлиески не само што не дозволија изненадување, туку и забележаа убедлив триумф изразен со 13 гола разлика.

По две минути игра гостинскиот тим поведе со 0-2 преку Манасков и Трајковски, што беше само најава за одличното офанзивно издание на Тинекс Пролет на ова гостување. Нападот функционираше беспрекорно, па на половина од полувремето Пролет водеше со 6-11, за потоа благодарение на трите гола на капитенот Андоновски на одмор да се замине со 13-19. 

Избраниците на тренерот Матлиески не се опуштија, напротив, продолжија со максимално ангажирана игра и таквиот пристап им овозможи уште повеќе да ја зголемат својата предност. Првата двоцифрена позитива Тинекс Пролет ја имаше кога Мајнов погоди за 17-27, по што се продолжи со беспрекорна ефикасност во нападот, натпреварот завршувајќи го со 40 постигнати погодоци.

Најефикасни во таборот на Тинекс Пролет беа Мајнов и Трајковски со по седум погодоци, по пет постигнаа Филип Василевски и Дамчевски, а по четири пати мрежата на прилепчани ја затресоа Александар Василевски, Манасков и Џонов.

Поврзани вести

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1РК Пролет 6211
2РК Прилеп9
3МРК Куманово7
4РК Радовиш4
5РК Фруит Ленд Борец4
6РК Струга4

Најнови вести

Архива на вести