Освоен и Радовиш, прокнижени нови бодови

Екипата на Тинекс Пролет продолжи со добрите игри во Супер-лигата, триумфирајќи на вообичаено незгодното гостување во Радовиш со резултат 31-37. Ова е трета победа во низа за нашиот тим, кој продолжува да се искачува на табелата.

​Радовиш одлично го отвори натпреварот и поведе со 4-1, но веднаш потоа следеше соодветна реакција од таборот на Пролет, па веќе во десеттата минута преку Манасков израмнивме на 5-5. Домаќините беа тимот што го контролираше резултатот во поголемиот дел од полувремето, но пресуди фуриозниот финиш на нашите момци, кога по негатива од 15-12 до крајот на полувремето постигнаа пет гола и на одмор заминаа со предност од 15-17.

Во текот на целото второ полувреме Пролет го диктираше темпото и не му дозволуваше на Радовиш да направи пресврт. Домаќините во неколку наврати доаѓаа до само еден гол разлика, но избраниците на Матлиески одолеаја на нивните налети, па со фуриозна игра во завршницата од натпреварот триумфираа со конечни „плус шест“.

Ласко Андоновски одигра капитенски постигнувајќи девет погодоци, а по седум гола за нашиот тим постигнаа Мајнов и Манасков.

Поврзани вести

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести