Фуриозно прво полувреме за триумф над Струга

Ракометарите на Пролет ја продолжија победничката серија во Супер-лигата откако славеа на дуелот на домашен терен против Струга со убедливи 30-23. Против себе имавме клуб што со играчкиот ростер беше способен да приреди изненадување, но нашите ракометари одиграа извонреден меч, решавајќи го прашањето на победникот уште во првото полувреме.

Во раната фаза од мечот поведовме со 3-0, а стружани првиот гол го постигнаа во шестата минута. Фуриозната игра на Пролет продолжи, па кон средината на полувремето предноста веќе изнесуваше 10-3, благодарение на одличната игра во одбрана на чело со голманот Кимевски. Предноста се зголемуваше се со најубедливите 19-7, за Струга со два гола до крајот на полувремето да намали на конечни 19-9 по 30 минути игра.

Второто полувреме повторно мина во доминација на Пролет, предноста во неколку наврати изнесуваше 13 гола разлика, за стружани во последните минути да направат мини-серија и конечниот резултат да гласи 30-23.

Александар Василевски, Јовчески, Манасков и Андоновски постигнаа по четири гола и беа најефикасни во нашиот тим, кој сега се наоѓа на само три бода од второто место на суперлигашката табела.

Галерија

Поврзани вести

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Алкалоид20
2Вардар18
3Охрид16
4Е. Пелистер16
5Бутел12
6Тиквеш9
7Пролет8
8Прилеп7
9Куманово4
10Струга4
11Борец3
12Радовиш1

Најнови вести

Архива на вести