Пролет не издржа до крај, пораз од Баник Карвина во ЕХФ Купот

Ракометарите на Пролет со пораз го одбележаа својот прв настап во ЕХФ Купот. Во првиот натпревар од второто квалификациско коло во ова натпреварување, Пролет загуби од чешкиот претставник Баник Карвина со 26-22. Македонскиот преставник утре го игра вториот натпревар со Баник Карвина, повторно на теренот на противникот.

Избраниците на тренерот Никола Матлиески храбро влегоа во овој дуел, одиграа смирено и рационално и беа рамноправен противник со поискусниот чешки противник во поголем дел од натпреварот. Но, не издржаа во тоа темпо до крај, а домаќините беа поефикасни во последната четвртина и на крај обезбедија победа и четири гола предност пред утрешниот реванш.

По првите 18 минути, Пролет имаше водство од 5-7. Но, домаќините направија серија од 5-1 и десет минути подоцна тие беа на +2 (10-8). До крајот на првиот дел Пролет постигна уште два, а Баник еден гол и на одмор замина со 11-10.


Изедначената игра продолжи и во второто полувреме. Чесите се одржуваа во водство, но Пролет не им дозволи да се одлепат со повеќе од два гола. Во 43.минута Влатко Јовчевски погоди за изедначување на 16-16, а во следниот напад Пролет дојде и до минимално водство (16-17).

Домаќините го засилија притисокот во последната четвртина, го исфрлија противникот од ритам и конечно успеаја да се одлепат постигнувајќи пет гола во серија за водство од 23-18 на седум минути до крај. Во завршницата попушти концентрацијата и се заредија грешките кај ракометарите на Пролет кои девет минути останаа без погодок, а Баник не ја пропушти шансата и ја обезбеди победата во овој дуел.

Вториот натпревар на кој Пролет условно ќе биде домаќин, се игра утре со почеток во 10.30 часот исто така на теренот во Карвина.

Поврзани вести

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Охрид10
2Алкалоид10
3Вардар10
4Е. Пелистер8
5Прилеп5
6Бутел4
7Пролет4
8Куманово4
9Тиквеш3
10Струга2
11Борец2
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести