И без неколку првотимци, пресилни за Работнички (23-39)

Тинекс Пролет се зацврсти на четвртото место на табелата откако попладнево лесно и убедливо триумфираше над Работнички со 23-39. Проблемите на противникот не влијаеја врз пристапот во играта на избраниците на Матлиески,

Прочитај повеќе

Победата над Работнички не смее да биде доведена во прашање

Ракометарите на Тинекс Пролет попладнево ги очекува нов предизвик, гостување во СРЦ Кале против градскиот ривал Работнички (15.30 часот). Станува збор за меч на кој нашиот тим е апсолутен фаворит, уште повеќе ако се земат во предвид проблемите на Работнички и заминувањето на дел од клучните ракометари во последните петнаесетина дена.

Прочитај повеќе

Додевски повикан во кадетската репрезентација на Македонија

Ракометарот на Тинекс Пролет, Виктор Додевски е повикан во македонската кадетска репрезентација за претстојниот силен турнир што следниот месец ќе се одржи во Скопје, за ракометари генерација 2002/03.

Прочитај повеќе

Слабото прво полувреме донесе пораз од Металург (36-28)

Тинекс Пролет го претрпе третиот овосезонски пораз, губејќи на гостувањето против Металург со убедлив резултат 36-28. Како пресудно се покажа првото полувреме, во кое домашниот тим целосно доминираше, ги казни грешките на ракометарите на Матлиески и стигна до убедлива предност. Поразот од поранешниот првак не е никакво изненадување, но дефинитивно

Прочитај повеќе

Матлиески: Металург е силен тим, но ние не се предаваме

Екипата на Тинекс Пролет вечерва (19 часот, сала „Автокоманда“) го игра одложениот натпревар од Супер-лигата против Металург. Откако од наша страна беше прифатено барањето на „металурзите“ за мечот да биде одложен по нивниот реванш од ЕХФ-Купот против Горење Велење, двете скопски екипи вечерва повторно ќе излезат на мегдан по драматичниот прв натпр

Прочитај повеќе

Дуелот со Металург одложен за среда

Натпреварот од 12. Коло во ракометната Супер-лига меѓу екипите на Металург и на Тинекс Пролет наместо викендов, ќе се игра в среда со почеток во 19 часот на теренот на противникот. Причина за одложувањето е настапот на „металурзите“ во ЕХФ-Купот, каде утре го играат реваншот на домашен терен против Горење Велење.

Прочитај повеќе