И без неколку првотимци, пресилни за Работнички (23-39)

Тинекс Пролет се зацврсти на четвртото место на табелата откако попладнево лесно и убедливо триумфираше над Работнички со 23-39. Проблемите на противникот не влијаеја врз пристапот во играта на избраниците на Матлиески, кои одиграа одличен меч и на крајот заслужено триумфираа. Тренерот Матлиески реши да одмори неколку првотимци (Андоновски, Поповски и Мајнов), но и без овие клучни играчи Тинекс Пролет доминираше на теренот во СРЦ Кале и стигна до заслужена победа.

Мечот беше израмнет само во почетните десет минути, во кои домаќините парираа до 6-6. Тинекс Пролет со серија од три гола се одлепи на 6-9, прв предност од три гола што нашиот тим потоа ја зголемуваше како што одминуваше времето. Резултатот на полувреме гласеше 13-21, а и покрај бројните ротации во тимот темпото во нашата игра воопшто не опадна. Предноста се повеќе се зголемуваше се до конечните „плус 16“, за потврда на квалитетот и добрата форма во пресрет на последниот меч за годинава, што Тинекс Пролет ќе го игра следниот викенд на домашен терен против Пелистер.

Џонов со осум гола беше прв стрелец во нашиот тим, по пет постигнаа Аларов и Стојановски, додека по четири пати прецизни беа Давитковски и Гичев.

Галерија

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар34
2Е. Пелистер30
3Охрид29
4Алкалоид29
5Тиквеш18
6Бутел18
7Е. Пелистер 217
8Прилеп16
9Тинекс Пролет12
10Куманово7
11Струга6
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести