Додевски повикан во кадетската репрезентација на Македонија

Ракометарот на Тинекс Пролет, Виктор Додевски е повикан во македонската кадетска репрезентација за претстојниот силен турнир што следниот месец ќе се одржи во Скопје, за ракометари генерација 2002/03. 

Предводник на оваа национална селекција е нашиот шеф на стручниот штаб, Никола Матлиески, кој од сезонава му дава шанса на Додевски и во првата екипа на Тинекс Пролет. Сега младиот ракометар ќе добие можност да го облече и репрезентативниот дрес, на турнирот на кој исто како и лани Македонија ќе настапи со две селекции, за сите ракометари да имаат можност да ги покажат своите квалитети пред стручниот штаб.

Турнирот ќе се одржи во салата „Автокоманда“ од 9 до 13 декември, а во следните денови ќе бидат објавени останатите селекции со кои ќе се сретне Македонија.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести