Матлиески: Металург е силен тим, но ние не се предаваме

Екипата на Тинекс Пролет вечерва (19 часот, сала „Автокоманда“) го игра одложениот натпревар од Супер-лигата против Металург. Откако од наша страна беше прифатено барањето на „металурзите“ за мечот да биде одложен по нивниот реванш од ЕХФ-Купот против Горење Велење, двете скопски екипи вечерва повторно ќе излезат на мегдан по драматичниот прв натпревар во кој Металург со многу среќа избегна пораз (26-26).

„Имавме повеќе време да се подготвиме за натпреварот во однос на противникот, но мислам дека тоа нема да има преголемо влијание бидејќи Металург е тим што е добро покриен на сите позиции и дуелот со Горење нема да остави преголема трага врз настапот на домаќините. Против себе имаме тим што го респектираме, составен од македонски репрезентативци, но во првиот овосезонски дуел докажавме дека ако играме најдобро што знаеме, можеме да се носиме и со Металург. Токму затоа верувам дека повторно решавачки ќе бидат мотивацијата и ангажираноста на играчите на терен, очекувам моите ракометари да одговорат на предизвикот и добро да му парираат на противникот. Металург е силен тим, но ние нема да се предадеме“ - изјави тренерот Матлиески.

Тинекс Пролет моментно се наоѓа на четвртото место на суперлигашката табела, на добар пат да ја оствари зацртаната цел - пласман во Топ 4 и влез во плејофот.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести