Жарко Пејовиќ, нов ракометар на Тинекс Пролет

Црногорскиот репрезентативец Жарко Пејовиќ е нов член на Тинекс Пролет, откако одличниот бек денеска го стави потписот на договорот со нашиот клуб, со важност до крајот на оваа натпреварувачка сезона.

Прочитај повеќе

Тинекс Пролет 18 минути не прими гол, рутински триумф над Струга (23-15)

Тинекс Пролет повторно стигна до пласман на табелата кој значи влез во плејофот откако вечерва триумфираше над Струга со 23-15. Второто полувреме беше пресудно на овој натпревар, пред се поради играта во одбрана што ја прикажаа избраниците на Матлиески на чело со голманот Кизиќ, што придонесе гостите да постигнат само пет гола за вкупно 30 минути и

Прочитај повеќе

Тинекс Пролет се врати на победнички патеки

Тинекс Пролет успеа да триумфира на гостувањето против Радовиш со 19-22, враќајќи се на победнички патеки по двата порази во претходните две кола. Дуелот со радовишани беше од огромно значење во борбата за место во плејофот, но нашите ракометари без оглед на големиот замор поради пеколното темпо, сепак собраа сили за да стигнат до огромна победа.

Прочитај повеќе

Слабо второ полувреме и пораз од Охрид (18-22)

Тинекс Пролет го претрпе и вториот пораз во низа во Супер-лигата, овојпат губејќи на домашен терен од Охрид со резултат 18-22. Пресудно беше слабото издание во нападот во второто полувреме, во кое нашите ракометари постигнаа само шест погодоци, недоволно за триумф над лидерот во суперлигашката група.

Прочитај повеќе

Андоновски: Охрид е ривал за почит, но Пролет оди на победа

Ракометарите на Тинекс Пролет продолжуваат со згуснатиот распоред на натпревари, по последниот пораз од КЛ7 нашиот тим има голем предизвик пред себе, пресметка со водечкиот Охрид. Грешките од последното коло се согледани, а дуелот со охриѓани е одлична можност за потврда на квалитетите на нашиот тим.

Прочитај повеќе

Прв пораз сезонава, КЛ7 славеше над Тинекс Пролет (32-30)

Тинекс Пролет го претрпе првиот овосезонски пораз губејќи на гостувањето против КЛ7 со 32-30. Избраниците на Матлиески одиграа под просекот во одбраната, а кога на тоа ќе се додадат и неколкуте грешки во клучни моменти во нападот, неуспехот во пресметката со новиот суперлигаш беше неизбежен. Паузата од неиграњето поради коронавирусот беше очигледна

Прочитај повеќе