Слабиот напад причина за поразот во Прилеп

Ракометарите на Тинекс Пролет го претрпеа првиот пораз во рамките од плејаут натпреварувањето откако по голема битка загубија од Прилеп со 23-20. Агресивната одбрана беше на посакуваното ниво, но нападот беше главен проблем на Тинекс Пролет на овој натпревар, 20 постигнати гола за 60 минути се премалку ако се сака позитивен резултат на гостински терен, па избраниците на Матлиески ќе мора да напредуваат на овој план во продолжението од сезоната.

Особено катастрофално делуваше нападот на Тинекс Пролет во првото полувреме, во кое нашите ракометари успеаја да постигнат само шест погодоци. Мечот беше израмнет само до 3-3, по што следеше период од десет минути без постигнат погодок на Тинекс Пролет, што домаќините го искористија за да се одлепат резултатски. Стоилевски ја запре серијата на противникот, но на одмор се замина со три гола негатива (9-6).

Ракометарите на тренерот Матлиески заиграа поефикасно на самиот старт од второто полувреме, намалувајќи на само еден гол негатива (11-10), но прилепчани возвратија со сопствена серија, стигнувајќи до 16-12. Страстите зовреа на десетина минути до крајот, кога нашите ракометари ги загубија нервите откако битолските судии упорно ги игнорираа провокациите од прилепските ракометари. Епилог од мешаницата беа два црвени картони за Тинекс Пролет (Атанасовски и Стоилевски) и еден за домаќините (Квастек).

Резултатот во тој момент гласеше 20-16, а домаќините умешно ја задржаа предноста до самиот крај и конечните 23-20.

Ласко Андоновски и Доне Мајнов постигнаа по пет гола, четири пати прецизен беше Палевски, премалку за да се стигне до цел плен на ова незгодно гостување.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар34
2Е. Пелистер30
3Охрид29
4Алкалоид29
5Тиквеш18
6Бутел18
7Е. Пелистер 217
8Прилеп16
9Тинекс Пролет12
10Куманово7
11Струга6
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести