Стоилевски: Одбраната ќе биде решавачки фактор на мечот во Прилеп

Ракометарите на Тинекс Пролет продолжуваат со згуснатиот распоред во плејаут натпреварувањето, па така избраниците на Никола Матлиески му гостуваат на Прилеп (18.30 часот).

Прилепчани се главни ривали на Тинекс Пролет за првото место во плејаутот, па фактот дека со триумф би направиле џиновски чекор за задржување на врвот ќе биде само мотив плус за нашите ракометари.

„Прилеп е една квалитетна екипа чија одлика е секогаш да игра многу подобро на домашен терен. Знаеме дека нема да ни биде нималку лесно, ќе биде тесен меч што ќе го одлучи одбраната. Оној што ќе одигра поквалитетно во дефанзива ќе се радува на крајот. Затоа, мораме добро да ги одработиме дадените задачи од стручниот штаб, да ги затвориме приодите кон сопствениот гол и потоа преку контри и полуконтри да реализираме на спротивната страна“, вели Никола Стоилевски.

Десното крило пристигна во Тинекс Пролет на почетокот од оваа година и експресно се наметна кај стручниот штаб, прикажувајќи добри игри во изминатите два месеца.

„Се чувствувам навистина одлично во Тинекс Пролет, добро сум прифатен од соиграчите и благодарен сум им поради тоа. Се обидувам да ја искористам максимално секоја шанса што ќе ми се укаже, да ја оправдам довербата на стручниот штаб. Многу сум среќен што по половина година пауза повторно сум на терен и верувам дека ќе прикажувам уште подобри игри како што ќе одминува времето“, оптимист е Стоилевски.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар2
2Е. Пелистер2
3Тинекс Пролет2
4Куманово2
5Е. Пелистер 22
6Охрид1
7Алкалоид1
8Бутел0
9Прилеп0
10Радовиш0
11Тиквеш0
12Струга0

Најнови вести

Архива на вести