Тинекс Пролет ја пречекува Струга на стартот од плејаутот

Ракометарите на Тинекс Пролет со денешниот дуел против Струга (18 часот, сала „Македонско Сонце“ го почнуваат настапот во плејаут натпреварувањето од македонскиот шампионат. Тинекс Пролет ја освои седмата позиција во Супер-лигата, што носи почетни три бода на стартот на плејаутот, а тренерот Матлиески не ја крие амбицијата нашиот тим да се задржи на врвот на табелата.

„Со квалитетот што го поседуваме и искуството на дел од ракометарите, верувам дека имаме се што е потребно за да стигнеме до посакуваните резултати во претстојниот период и да го оствариме она што е зацртано како желба - да го освоиме првото место во плејаут натпреварувањето. Сторивме се за да влеземе во плејофот, за жал тоа не беше доволно, но Тинекс Пролет е квалитетен тим и сакаме тоа да го потврдиме со добри изданија во наредните два месеца. Нема да биде лесно бидејќи сите противници се засилија во битките за опстанок, но верувам во мојот тим, во моите ракометари и убеден сум дека ќе стигнеме до резултатите што сите ги посакуваме“, истакнува Матлиески во пресрет на завршниот дел од сезоната.

Тој го респектира и денешниот противник Струга, но сепак верува дека квалитетот и искуството на Тинекс Пролет ќе придонесат бодовите да останат во Скопје.

„Сакаме да останеме на врвот во плејаутот, а за тоа ќе треба пред се да сме доминантни на домашен терен. Струга е тим што го респектираме, играат брз и квалитетен ракомет, но јас верувам во мојата екипа. Имаме се што е потребно за да стигнеме до позитивен исход, се мора да почне од квалитетната одбрана, да го лимитираме противникот на што помал број на погодоци, во нападот треба да сме смирени и дисциплинирани, тоа ќе го донесе резултатот што сите го посакуваме, за победнички старт во плејаутот“, додаде стратегот на Тинекс Пролет.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести