Голема победа: Кадетите на Тинекс Пролет први сезонава му нанесоа пораз на Мулти Есенс

Кадетскиот тим на Тинекс Пролет забележа одличен резултат на вчерашното дерби откако на гостински терен го совлада составот на Мулти Есенс со 31-33. Тимот на Мулти Есенс влезе во овој дуел со перфектни 14-0 во досегашниот дел од сезоната, но избраниците на Матлиески и Тотиќ одиграа маестрален меч во кој успеаја да го земат скалпот на големиот ривал.

Дуелот донесе израмнет ракомет полн со возбудувања, Тинекс Пролет во неколку ситуации имаше „„плус два“, но домашниот тим сепак на одмор замина со минимална предност од 16-15. Мулти Есенс поведе со 22-19, но тогаш Тинекс Пролет влезе во ритам, набрзина се врати, а потоа и презеде контрола над резултатот. Лидерот на табелата последен пат водеше 26-25, по што нашите млади ракометари успеаја да направат целосен пресврт, а во самиот финиш со ефикасен напад да стигнат и до заслужена победа.

Давор Крстевски со осум гола беше најефикасен во таборот на Тинекс Пролет, Гораз Дамчевски постигна шест, а Јовиќ, Симовски и Александров по четири пати ја затресоа противничката мрежа.

Тинекс Пролет по оваа победа по 14 комплетирани кола има 24 освоени бода (12 победи и два пораза), само два помалку во однос на водечкиот тандем Мулти Есенс и Струга, кои имаат идентичен скор 13-1.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар38
2Е. Пелистер34
3Охрид33
4Алкалоид33
5Тиквеш20
6Бутел20
7Прилеп18
8Е. Пелистер 217
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести