Обезбеден плејофот - Пејовиќ и Ангелов донесоа триумф над Радовиш (27-21)

Тинекс Пролет на два меча пред крајот на Супер-лигата ја оствари првично зацртаната цел, обезбедувајќи пласман во плејофот од македонскиот шампионат. Вечерашниот триумф од 27-21 над Радовиш беше доволен за Тинекс Пролет да се зацврсти на втората позиција на табелата, без никаква опасност да биде стигнат од ривалите за влез во плејофот.

Прочитај повеќе

Матлиески: Борба од почеток до крај, тоа е нашиот рецепт за успех

Тинекс Пролет вечерва (18.30 часот) против Радовиш го игра последниот домашен натпревар во Супер-лигата, во својата сала „Македонско Сонце“ во населбата Пролет. Желбата е јасна, со триумф да се стави печат на остварената цел - пласман во плејофот, како дел од македонската ракометна елита.

Прочитај повеќе

Пораз на гостувањето во Охрид (24-19)

Ракометарите на Тинекс Пролет претрпеа пораз на гостувањето против Охрид (24-19), во дерби дуелот од групната фаза во Супер-лигата. Слично како и на првиот меч во Скопје, повторно пресудно беше второто полувреме во кое избраниците на Матлиески тешко го наоѓаа патот до мрежата на охриѓани, за триесет минути постигнувајќи само седум погодоци.

Прочитај повеќе

Мајнов: Охрид ни е стар должник, сакаме реванш

Пласманот во плејофот е речиси обезбеден, но Тинекс Пролет се надева на продолжување на победничката серија и на најтешкото гостување од првиот круг од натпреварувањето, дуелот со Охрид. Избраниците на Раде Стојановиќ се единствените што сезонава успеале да триумфираат во салата „Македонско Сонце“, мотив плус за играчите на Тинекс Пролет да им се р

Прочитај повеќе

Победа над КЛ7 за реванш и пат кон плејофот (23-20)

Тинекс Пролет славеше со 23-20 на дуелот со КЛ7, реванширајќи му се на скопскиот ривал за поразот во првиот круг од Супер-лигата. Овојпат ракометарите на Пролет одиграа далеку поквалитетно во одбраната, на голот го имаа расположениот Петар Ангелов и на крајот заслужено стигнаа до бодови со кои направија уште еден чекор напред кон место во плејофот.

Прочитај повеќе

Лесна победа во Струмица, чекор поблиску до плејофот (24-31)

Тинекс Пролет прокнижи нови бодови во суперлигашката група по вечерашниот триумф во Струмица над екипата на Астраион со резултат 24-31. Одморот од неколку дена без натпревар по пеколното темпо минатата седмица беше добредојден за избраниците на Матлиески, кои се прикажаа во вистинско светло и без посериозни проблеми прокнижија нови значајни бодови.

Прочитај повеќе