Тинекс Пролет не успеа да се пласира на фајналфор во Купот на Македонија

Тинекс Пролет не успеа да обезбеди пласман на завршниот турнир од Купот на Македонија откако тимот на тренерот Никола Матлиески загуби на вечерашниот финален дуел од својата група, од градскиот ривал Алкалоид со резултат 42-20.

Во првите дваесетина минути од играта Тинекс Пролет целосно му парираше на големиот фаворит, одржувајќи резултатски егал. Последното водство го имавме при 7-8, а во мечот бевме израмнети до 11-10, кога Алкалоид влезе во серија, постигна уште шест гола во низа и набрзина поведе со 17-10. На одмор се замина со 18-12, а домаините почнаа одлично и во вториот дел, набрзина стигнувајќи до првото двоцифрено водство (22-12). Победникот беше решен, двајцата тренери решија да ги изротираат тимовите на теренот, а Алкалоид подобро се снајде во таа ситуација, зголемувајќи ја предноста до конечните „плус 22“.

Стојановски, Шилегов и Симовски со по четири гола беа најефикасни во таборот на Тинекс Пролет, додека три погодоци реализираше Лука Јовиќ.

Претходно попладнево, нашиот тим во полуфиналето од оваа група славеше над Партизан Гевгелија со 43-28. Целата работа беше завршена уште во првото полувреме што Тинекс Пролет го доби со 25-14, по што во вториот дел и со подмладен состав дополнително ја зголемивме разликата до конечните „плус 15“.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар26
2Е. Пелистер23
3Охрид21
4Алкалоид20
5Тиквеш14
6Бутел13
7Е. Пелистер 212
8Прилеп10
9Тинекс Пролет9
10Струга4
11Куманово4
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести