Андоновски: Секогаш е тешко да се игра во Струга, но Пролет има квалитет

Настапите во плејаутот од македонскиот шампионат ги продолжуваме со денешното гостување против тимот на Струга (18.30 часот), уште еден меч на кој избраниците на Никола Матлиески ќе ја имаат фаворитската улога. Сепак, на сите во таборот на Тинекс Пролет им е јасно дека нема да биде нималку лесно да се одбрани овој епитет на теренот на противникот.

Стружани во регуларниот дел од сезоната на домашен терен го изненадија Тинекс Пролет со 34-29 и сигурно ќе се обидат да го повторат успехот и вечерва, нешто што ракометарите на Матлиески не смеат да го дозволат.

„Без оглед на моментната позиција на табелата, Струга е тим што апсолутно го почитуваме. Знаеме колку се опасни, но и колку подобро играат на домашен терен отколку на гостувањата, првиот меч сезонава е јасно предупредување во пресрет на денешниот натпревар. Ќе бидат мотивирани бидејќи се борат за опстанок, но и ние имаме свои математики, знаеме дека за да останеме на врвот неопходни ни се и победи на гостински терен и сакаме со триумф во Струга да потврдиме дека сме најквалитетен тим во плејаут натпреварувањето. Мораме да бидеме дисциплинирани во нападот и да одиграме цврсто во одбраната, на сите натпревари на кои го исполнивме тоа стигнавме до посакуваниот резултат, очекувам тоа да биде случај и на овој натпревар“, изјави капитенот Ласко Андоновски.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар34
2Е. Пелистер30
3Охрид29
4Алкалоид29
5Тиквеш18
6Бутел18
7Е. Пелистер 217
8Прилеп16
9Тинекс Пролет12
10Куманово7
11Струга6
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести