Сигурна победа на домашен терен над Куманово (24-20)

Ракометарите на Тинекс Пролет ја забележаа и третата победа на третиот меч на домашен терен во рамките од плејаутот, откако вечерва рутински триумфираа над составот на Куманово со 24-20. Цврстата одбрана беше заштитен знак на избраниците на Матлиески, кои имаа целосна контрола над резултатот и не дозволија триумфот воопшто да биде доведен во прашање.

Куманово последен пат водеше со 3-4, по што следеше серија од четири гола на Тинекс Пролет, предводен од Стојановски, но пред се благодарение на одличната игра во одбрана на чело со голманот Даскаловски. По тоа водство од 7-4 предноста беше рутински контролирана, кумановци за момент заиграа поквалитетно во одбраната пред крајот на првото полувреме, но Мајнов и Василевски дадоа важни голови со кои на одмор се замина со 11-8.

Тинекс Пролет подобро го отвори и вториот дел, зголемувајќи ја позитивата на 15-10. Гостите се обидоа да се вратат, но нашиот тим одигра квалитетно, не дозволувајќи разликата да биде спуштена под три гола. Тренерот Матлиески го продолжи трендот да им дава шанси на дел од помладите ракометари, па така денеска повторно минути на теренот добија кадетите Лука Јовиќ и Огнен Александров, на кои клубот гледа како на играчи за иднината на Тинекс Пролет.

Шилегов, Палевски и Стојановски со по пет гола беа најефикасни во таборот на Тинекс Пролет, а по три погодоци на овој меч реализираа Василевски и Атанасовски.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар34
2Е. Пелистер30
3Охрид29
4Алкалоид29
5Тиквеш18
6Бутел18
7Е. Пелистер 217
8Прилеп16
9Тинекс Пролет12
10Куманово7
11Струга6
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести