Тинекс Пролет се врати на победнички патеки

Тинекс Пролет успеа да триумфира на гостувањето против Радовиш со 19-22, враќајќи се на победнички патеки по двата порази во претходните две кола. Дуелот со радовишани беше од огромно значење во борбата за место во плејофот, но нашите ракометари без оглед на големиот замор поради пеколното темпо, сепак собраа сили за да стигнат до огромна победа.

Прочитај повеќе

Слабо второ полувреме и пораз од Охрид (18-22)

Тинекс Пролет го претрпе и вториот пораз во низа во Супер-лигата, овојпат губејќи на домашен терен од Охрид со резултат 18-22. Пресудно беше слабото издание во нападот во второто полувреме, во кое нашите ракометари постигнаа само шест погодоци, недоволно за триумф над лидерот во суперлигашката група.

Прочитај повеќе

Андоновски: Охрид е ривал за почит, но Пролет оди на победа

Ракометарите на Тинекс Пролет продолжуваат со згуснатиот распоред на натпревари, по последниот пораз од КЛ7 нашиот тим има голем предизвик пред себе, пресметка со водечкиот Охрид. Грешките од последното коло се согледани, а дуелот со охриѓани е одлична можност за потврда на квалитетите на нашиот тим.

Прочитај повеќе

Прв пораз сезонава, КЛ7 славеше над Тинекс Пролет (32-30)

Тинекс Пролет го претрпе првиот овосезонски пораз губејќи на гостувањето против КЛ7 со 32-30. Избраниците на Матлиески одиграа под просекот во одбраната, а кога на тоа ќе се додадат и неколкуте грешки во клучни моменти во нападот, неуспехот во пресметката со новиот суперлигаш беше неизбежен. Паузата од неиграњето поради коронавирусот беше очигледна

Прочитај повеќе

Ракометот се враќа на сцената, одиме на победа и против КЛ7

По пауза од повеќе од еден месец, екипата на Тинекс Пролет се враќа на натпреварувањето во Супер-лигата. По почетните две победи над Јуниор КВ и над Астраион, избраниците на Матлиески денеска се среќаваат со КЛ7, меч што се игра со почеток во 18 часот во СЦ „Борис Трајковски“.

Прочитај повеќе

Видео времеплов: Легендарниот дуел Пролет - Вардар од 1975 година

Еден од најлегендарните натпревари во клупската историја на РК Пролет е оној од 1975 година, кога нашиот тим се сретна со РК Вардар во одлучувачкиот натпревар за влез во Првата Сојузна Лига на СФРЈ. Овие два тима тогаш важеа за најголеми градски ривали, водејќи неизвесни битки за победа на сите меѓусебни дуели, негувајќи големо ривалство низ години

Прочитај повеќе