Одличен старт на сезоната: Убедлив триумф над Вардар Неготино (35-21)

Тинекс Пролет лесно и убедливо стартуваше во новата суперлигашка сезона, триумфирајќи во првиот меч на домашен терен над Вардар Неготино со убедливи 35-21. Фаворитската улога што ја имавме во пресрет на мечот беше максимално оправдана, Тинекс Пролет го контролираше резултатот од почеток до крај, Лембанов им даде шанса на сите ракометари да покажат

Прочитај повеќе

Почнува новата сезона во Супер-лигата: Тинекс Пролет поседува и квалитет и искуство за влез во плејофот

Ракометарите на Тинекс Пролет денеска го стартуваат настапот во новата сезона од Супер-лигата, со дуелот на домашен терен против екипата на Вардар Неготино. Како и минатата сезона, акцентот во Тинекс Пролет е ставен на давање шанса на млади ракометари, во своите редови имаме само еден странец (црногорскиот голман Михаљевиќ), не отстапувајќи со добр

Прочитај повеќе

Тинекс Пролет го освои седмото место на турнирот „Миле Нешкоски“

Екипата на Тинекс Пролет го освои седмото место на турнирот „Миле Нешкоски“ што во изминатите четири дена се одржуваше во Прилеп. Денеска, во натпреварот за пласман нашиот тим беше подобар од екипата на Скопје, триумфирајќи со 27-23.

Прочитај повеќе

Втор пораз на Тинекс Пролет на турнирот „Миле Нешкоски“

Ракометарите на Тинекс Пролет претрпеа нов, втор по ред пораз во рамките од турнирот „Миле Нешкоски“ откако денеска по голема борба беа поразени од Мулти Есенс со 25-30. Прекраткото време за одмор по вчерашниот дуел со фински Кокс се одрази врз играта на Тинекс Пролет, очигледно беше дека недостигаше свежина што беше искористено од младиот и полете

Прочитај повеќе

Пораз од Кокс на турнирот во Прилеп (26-29)

Ракометарите на Тинекс Пролет го претрпеа првиот пораз на турнирот „Миле Нешкоски“ во Прилеп, губејќи во пресметката со финскиот прволигаш Кокс со резултат 26-29. За разлика од првиот дуел со Еурофарм Пелистер 2 што нашиот тим го одигра беспрекорно, овојпат Тинекс Пролет од почеток до крај бркаше резултатска негатива, на крајот губејќи со конечни т

Прочитај повеќе

Тинекс Пролет мисли и на иднината: Потпишани договори со пет перспективни засилувања

Тинекс Пролет состави квалитетен тим за новата натпреварувачка сезона во Супер-лигата, но клубот паралелно со тоа инвестира и во младинската школа и во пониските возрасни категории. Во тој правец, денеска беа потпишани договори со пет нови ракометари, перспективни играчи кои доаѓаат во нашиот клуб од редовите на Мулти Есенс.

Прочитај повеќе