Втор пораз на Тинекс Пролет на турнирот „Миле Нешкоски“

Ракометарите на Тинекс Пролет претрпеа нов, втор по ред пораз во рамките од турнирот „Миле Нешкоски“ откако денеска по голема борба беа поразени од Мулти Есенс со 25-29. Прекраткото време за одмор по вчерашниот дуел со фински Кокс се одрази врз играта на Тинекс Пролет, очигледно беше дека недостигаше свежина што беше искористено од младиот и полетен тим на Мулти Есенс кој на крајот заслужено се радуваше на победата. 

Првото полувреме мина во израмнета игра во која противникот имаше минимална предност, но Тинекс Пролет барем во првите дваесетина минути не дозволуваше да се најде во посериозна негатива. Димковски погоди за израмнување на 11-11, по што следеше период во кој Тинекс Пролет се мачеше да постигне гол, а ривалот го искористи тоа за на одмор да замине со предност од 12-16.

Второто полувреме повторно мина во знакот на Мулти Есенс, ракометарите на Тинекс Пролет се мачеа да влезат во ритам, а противникот го искористи тоа за да го контролира резултатот и на крајот заслужено да слави со 25-29.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1РК Пролет 6211
2РК Прилеп9
3МРК Куманово7
4РК Радовиш4
5РК Фруит Ленд Борец4
6РК Струга4

Најнови вести

Архива на вести