Пораз од Кокс на турнирот во Прилеп (26-29)

Ракометарите на Тинекс Пролет го претрпеа првиот пораз на турнирот „Миле Нешкоски“ во Прилеп, губејќи во пресметката со финскиот прволигаш Кокс со резултат 26-29. За разлика од првиот дуел со Еурофарм Пелистер 2 што нашиот тим го одигра беспрекорно, овојпат Тинекс Пролет од почеток до крај бркаше резултатска негатива, на крајот губејќи со конечни три гола разлика.

Финците подобро го отворија мечот и поведоа со 3-7, резултат при кој Лембанов побара одмор. Тоа не го запре налетот на Кокс, противникот поведе и со 4-10 по што Тинекс Пролет конечно се разбуди и почна да се враќа резултатски. По два постигнати гола во празна мрежа негативата беше намалена на 7-10, а Димковски со гол од контра и изнуден пенал помогна да се стигне до 10-11. Михаљевиќ влезе при 12-10 и одбрани пенал, Кокс имаше и 14-10, но Тинекс Пролет беше поумешен во финишот, намалувајќи на 13-14 по уште еден промашен пенал на Финците буквално во последната секунда.

Како пресуден се покажа стартот на второто полувреме, откако по едно исклучување во таборот на Тинекс Пролет финските ракометари веднаш влегоа во серија и поведоа со 13-17. За разлика од првиот дел во кој избраниците на Лембанов успеаја да се вратат, овојпат тие немаа сили за камбек, во самиот финиш се приближија со 26-28, но не можеа целосно да се вратат во мечот што заврши со конечни 26-29.

Тинекс Пролет утре ќе го игра својот трет меч на овој турнир, а противник ќе биде екипата на Мулти Есенс во дуелот закажан за 15 часот.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести