Матлиески: Сакаме нови бодови, но нема да ни биде лесно против Струга

Ракометарите на Тинекс Пролет денеска (14.30 часот, сала „Македонско Сонце“) продолжуваат со настапите во плејофот, на домашен терен пречекувајќи го составот на Струга. Гостите се уште се без триумф во ова натпреварување, но трите реми на последните пет меча (против Охрид, Металург и Еурофарм Пелистер 2) се јасен доказ дека станува збор за квалитетен состав што никако не смее да биде потценет.

Тинекс Пролет влегува во мечот охрабрен по добрите изданија во текот на изминатата седмица, триумфот над Бутел и одличниот отпор против шампионот Вардар, па избраниците на тренерот Никола Матлиески ќе дадат се од себе за со триумф да го завршат првиот круг од натпреварувањето во плејофот. 

„Пред нас е еден тежок натпревар, во плејофот нема лесни ривали, а Струга на претходните натпревари покажа дека може да се носи со секого. Тоа е квалитетна и искусна екипа што знае како да ја чува топката, трпеливи се во нападот и играат цврсто во одбраната. На хартија сме фаворити, но тоа мора да се оправда на терен, со максимално ангажирана игра во текот на сите 60 минути. Само со целосна фокусираност и играње на 100% од почеток до крај можеме да стигнеме до бодови кои ни се од огромна важност“, изјавува тренерот Матлиески во пресрет на денешниот дуел.

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести