Актуелно

Шест ракометари на Тинекс Пролет со златни медал од СП во училишен ракомет

Тинекс Пролет има причина да биде горд откако шестмиина наши млади ракометари се закитија со титулата светски шампиони во училишен ракомет, на првенството што денеска и официјално заврши во Скопје.

Горазд Дамчевски, Давор Крстевски, Марко Ѓорчески, Лука Јовиќ, Трајче Костов и Ѓорѓе Лешниковски се играчите од нашиот младински погон, ракометари кои сезонава имаа настапи и на сениорско ниво, што секако им беше добредојдено искуство за возбудувањата на овој европски шампионат.

Македонија одигра импресивно од првиот до последниот натпреварувачки ден, редеше победи на сите мечеви, за во денешното финале „црвено-жолтите“ да слават и во пресметката со Израел, со конечни 38-32, искачувајќи се на тронот на светскиот училишен ракомет.

Честитки за нашите шест ракометни бисери, но и за сите останати членови на кадетската репрезентација за овој огромен успех.
 

Пребарување

Табела

Поз.ЕкипаБ
1Вардар42
2Е. Пелистер38
3Охрид37
4Алкалоид35
5Бутел22
5Тиквеш22
7Е. Пелистер 221
8Прилеп20
9Тинекс Пролет13
10Куманово7
11Струга7
12Радовиш0

Најнови вести

Архива на вести